Излезност до 11:00 часот е 11 отсто

До 11 часот 199.495 граѓани го исполниле своето право на глас, или 11 отсто од вкупниот број на гласачи соопшти на прес-конфернеција претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

По изборни единици, во првата ИЕ досега гласале 13,7 отсто, во ИЕ2 9,60 проценти, во ИЕ3 13,08 отсто, во ИЕ4 13,46 проценти, во ИЕ5 10,5 отсто и во ИЕ 6,04 проценти.

Највисок процент на излезеност во првата Изборна единица се забележува во општина Аеродром каде правото на глас досега го искористиле над 17,6 отсто.

Излезноста е висока и во Карпош 17,07 проценти, Кисела Вода 16,81 отсто.

Гласањето во сите избирачки места се одвива непречено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега