Изјавата на свештеник ги згрози сите: „Жените кои живеат невенчани со партнерот се бесплатни проститутки“

Дмитриј Смирнов, руски протојереј и раководител на Комисијата за семејни прашања и заштита на децата и жените во Московската патријаршија предизвикал бурни реакции со својата изјава.

Тој, имено, за време на средбата со православното друштво „Ортодокс БРО“ жените кои живеат невенчано со партнерот ги споредил со „бесплатни проститутки“. Рекол дека жената која живее во „граѓански брак“ не е вистинска сопруга, туку „привремена утеха“ која бесплатно „пружа услуги“.

Жените во Русија се кренале против овој говор.

-Зборовите на Смирнов беа глупа навреда, особено неочекувана од свештеник. Но, очигледно е дека протојерејот сака да го заштити традиционалното семејство - рекла Јекатерина Лахова, претседателка на Сојузот на жени во Русија.

Реагирала и Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи која иронично предложила претставникот за односи со јавност на Московската патријаршија Владимир Лејгоди некако да ги нарече и мажите во граѓански брак. Познатиот руски рокер Сергеј Шнуров, лидер на групата „Лењинград“ преку стихови му порачал на Смирнов дека не постојат бесплатни жени.

-Немам намера да се извинувам. Јас само јавно зборував за тоа што инаку се знае. Каков е статусот на жената која живее заедно со мажот во вонбрачна заедница? Нема никаков статус. Таа само пружа бесплатни услуги, но не сака да признае - рекол уште еднаш Смирнов во интервју.

-Жените треба да му кажат на мажот „Ако не сакаш да се венчаме тогаш нема да живеам со тебе во граѓански брак“. Ќе видите после тоа колку од нив ќе имаат брачни понуди. Вака бесплатно му пружате сексуални услуги и освен тоа му перете и готвите - порачал Смирнов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега