Изјава на македонскиот астронаут - Мистеријата конечно разоткриена

Во изминатите денови слушнавме многу информации и шпекулации за Марјан Спировски кој беше прогласен за првиот македонски астронаут.

Снимката од ракетата АНГАРА 5, на чија платформа беше гордо развеано македонското знаме беше само потврда на овој подвиг.
Дополнително влијание имаа возилата со ознаките на ЕСА (Европската Вселенска Агенција) и РОСКОСМОС, кои се појавија на улиците во Скопје.
Мистеријата е конечно разоткриена.
Македонскиот астронаут слета на месечината и го дознавме неговиот идентитет.
Астронаутот, ракетата, месечината, вселенскиот ровер и се’ останато, е изработено од страна на тимот на М3ДС Академијата за визуелни уметности.

Тимот на М3ДС Академијата за момент ни прикажа фантастичен и креативен историски подвиг, кој го преточи во навистина реална вест, целосно изработена со врвните програми за 3Д и визуелни ефекти.

Погледнете во официјалното видео, во кое се разоткрива целата мистерија.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО СО ЗВУК! 

Повеќе информации пронајдете на нивниот официјален сајт: https://mk.m3dsacademy.com/

УПИСИТЕ ВО М3ДС Академијата СЕ ВО ТЕК, а вие можете да изберете еден од следните курсеви:

  • Академска година (12 месечен курс)\

АКАДЕМСКАТА ГОДИНА е 12 месечна обука, во која студентите имаат шанса да го научат целиот процес на креација, во филмската индустрија и во гејминг индустријата. Студентите се поттикнати да го постигнат нивниот максимален потенцијал и да станат професионални артисти.

  • Курс за 3Д печатење (3 месечен курс)

На овој курс студентите создаваат креации во дигиталниот свет и ги носат во реалноста со помош на процесот на 3Д печатење.

Во времетраење од 3 месеци се стекнува квалитетно знаење, меѓународна диплома и БЕСПЛАТЕН 3Д ПЕЧАТАЧ !

  • Warm Up Курс (4 месечен курс)

На оваа обука, студентите го изучуваат процесот на креирање 3D модели на брз и ефективен начин, доволен за да можат веднаш да го изработат својот прв Freelance проект. Кон крајот на WarmUp курсот, студентите ќе го изработат својот прв фриленс проект на фриленс платформата Upwork.

М3ДС Академијата е официјален авторизиран Autodesk центар за обука, а сертификатите кои ги издава академијата се меѓународно признаени и издадени од страна на Autodesk USA.

М3ДС е партнер со Epic Games и соработува со многу други светски студија, како што се Disney, Substance, Pixar, DreamWorks, Sony Picture ImageWorks, Industrial Light & Magic, Hugo’s Desk, Nordeus, 3lateral, Lynx Animations, Cylindo и многу други.

Преку овие соработки нивните студенти имаат шанса да учат од врвни професионалци ширум светот.

20.09.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа