Изгубил контрола над тракторот и се превртел - две момчиња од Скопје однесени во болница

 

Вчера во 18:30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниотЈ.С. од истото село, изгубил контрола и се превртел. Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега