Изгубил контрола, излетал и се превртел: Ужасна несреќа во Македонија, возачот почина

 

Во текот на вчерашниот ден околу 18,30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, 57-годишниот С.Г. од Скопје управувајќи товарно моторно возило “Мерцедес“ со полуприколка “Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел.

По незгодата возачот  со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

20.07.2018 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа