Изгубил контрола и паднал од мотоцикл- Маж со тешки повреди пренесен на Клиника

 

Маж со тешки повреди пренесен на скопските Клиники откако изгубил контрола и падал на коловозот управувајќи со мотоцикл на регионалниот пат Кочани- Пониква.

„На 17.06.2020 во 15,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква мопед марка „Томос АПН 6“ со штипски регистарски ознаки управуван од Љ.Г.(54) с.Лешки-кочанско паднал на коловозот“ соопштуваат од полиција.

 

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега