Изгоре цела покуќнина при пожар во Скопје

Изгоре цела покуќнина при пожар во Скопје, информира МВР.

Вчера во 13:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 30-годишниот К. Л. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08:10 часот избувнал пожар во неговата куќа.

Според негово кажување, пожарот настанал најверојатно од грејно тело, при што била изгорена  цела покуќнина. Во 09:30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. На местото на настанот извршена е крим-техничка обработка и се работи на целосно расчистување на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега