Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“.

По Предлог законот заизменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој се носи со двојно мнозинство, гласаа „за“ и десет пратениците кои припаѓаат на заедниците коишто не се во мнозинство.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, тука ја прекина оваа седница и ја отвори 67. седница на Собранието, на која, како што рече, има само една точка – Предлог на Закон за средно полициско училиште, скратена постапка.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.

Exit mobile version