Изгаснат шумски пожар кај Струмица

 

За два часа пожарникарите успеале да го изгаснат шумскиот пожар кој избувнал по 12:00 часот во атарот на селото Дрвош, а огнот зафатил површина од околу два хектара со сува трева и нискостеблеста шума, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

-Во гаснењето на пожарот учествуваа две против пожарни возила и четворица пожарникари и со брза и навремена интервенција спречено е негово ширење, додаваат во информацијата струмичките пожарникари.

Денес во 14:20 часот пожарникарите интервенирале и во гаснење на запалена плинска боца на улицата „Младинска“ во Струмица.

Во двата пожари нема повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега