Изгаснат пожарот во близина на кичевското село Србјани

По интервенцијата на екипи од ТППЕ Кичево, целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера кај месноста „Бели воденици“ во атарот на село Србјани.

Со пожарот беше опфатена нискостеблеста вегетација на површина од околу 12 000 метри квадратни.

-По информацијата што ја добивме од ОВР Кичево за појава на пожар во близина на село Србјани, целосно се екипиравме и интервениравме со три противпожарни возила. Во операцијата беа ангажирани десет пожарникари. По осумчасовна борба со огнената стихија, пожарот е целосно изгаснат, рече командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соклески.

Тој додаде дека само во јули имале 20 интервенции на отворен простор каде што биле опожарени, ливади, шуми, стрништа и ѓубришта.

Според Соклески, за седум месеци ТППЕ Кичево регистрира 114 интервенции на пожари од секаков вид. 

03.08.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа