Избувна пожар во стан во Кисела Вода: Во болница завршија две лица

Пожар кој изби во стан во Кисела Вода, резултираше со две повредени лица кои се згрижени во болница. Пожарникарите кои се бореле со огнената стихија, информираа дека повредните лица првин биле евакуирани, па потоа транспортирани во болница.

Во болница биле пренесени две жени, едната била жената во чиј стан избил и самиот пожар, а другата била девојка од горниот спрат, која вдишила големо количество на чад.

На местото на настанот пристигнал и градоначалникот, Ѓорѓиевски кој се информирал за ситуацијата. Дополнително известил дека ќе биде доделена еднократна парична помош на жената во чиј стан избувнал пожарот.

26.11.2021 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега