Струмичките пожарникари денеска водеа битка со огнената стихија која избувна во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци. Пожарот, кој бил пријавен во 12:30 часот, се ширел со голема брзина поради силниот ветер, зафаќајќи поголема површина под сува трева и трска.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица Струмица, огнот е локализиран и целосно изгаснат по два и пол часа борба.

„ТППЕ Струмица интервенираше со две ПП возила и шест пожарникари-спасители. Пожарот е целосно изгаснат околу 15:00 часот, со што е спречено негово ширење и предизвикување поголема материјална штета“, соопштија од противпожарната единица.

Надлежните апелираат на максимална внимателност и потсетуваат дека граѓаните можат да пријават каква било опасност на броевите 112 или 193.

Exit mobile version