Избраниот привремен премиер на Бугарија сака да ја врати довербата во државните институции

Новиот привремен премиер на Бугарија, Стефан Јанев, денеска изјави дека приоритет на неговата влада ќе биде да обезбеди почитување на законот и да ја врати довербата на граѓаните во државните институции.

„Искрената и одговорна владина работа барем делумно може да ја врати изгубената доверба во државните институции. Посебен акцент ставам на спроведувањето на владеењето на правото”, рече Јанев за време на церемонијата на инаугурацијата, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот, кој пред назначувањето беше секретар за одбрана и безбедност на бугарскиот претседател Румен Радев, исто така рече дека владата ќе стори сè за да обезбеди фер избори и дека ќе биде апсолутно бескомпромисна по тоа прашање.

Претседателот Радев го назначи Јанев да го предводи кабинетот до предвремените избори во јули, откако парламентот формиран по минатомесечните избори не успеа да изгласа влада.

Според извештајот на меѓународната организација „Транспаренси интернешнл“, Бугарија е меѓу најкорумпираните земји-членки на ЕУ.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега