Изборите се наместени пред нашите очи: На славниот американски водител му требале помалку од 4 минути да ја објасни изборната измама

Американскиот ТВ водител на "Fox News", Такер Карлсон, изјавил дека САД мора да се вратат на традиционалниот систем на гласање и дека претседателските избори во таа држава во 2020-та не биле чесни.

"Другите држави разбираат, не користат електронско гласање бидејќи знаат дека тоа ја поткопува довербата во демократијата", рекол Карлсон. 

Тој вели дека САД мора да се вратат на традиционалниот систем на гласање, но дека тоа не значи дека граѓаните треба да заборават дека изборите во 2020-та не биле чесни.

"Мора веднаш да се вратиме на традиционалниот систем на гласање, оној кој стотина години беше во нашата демократија, но истовремено, не смееме да дозволиме фокусот на гласачката машина да не одврати од се што се случи овој месец. Претседателските избори во 2020-та година не беа чесни. Ниедно чесно лице не би можело да тврди дека се чесни", изјавил Карлсон.

Водителот објаснил дека медиумите биле со Џо Бајден.

"На многу нивоа системот е наместен против еден кандидат, а во корист на друг, и наместен е на начини кои не се сокриени од погледите. Сите видовме дека се случи тоа. Медиумите отворено беа со демократскиот кандидат. Џо Бајден и Камала Харис одбија да објаснат што ќе направат ако бидат избрани. Тоа никогаш претходно не се случило на едни претседателски избори во американската историја, но медиумите тоа го дозволија", заклучил Карлсон.

Водителот објаснил дека демократите ја искористиле поддршката на "Google", "Twitter" и "Facebook" за да победат на изборите.

"Но, пред се, демократите ја искористија моќта на "Big Tech" компаниите за да победат на овие избори. Практично сите вести и информации во светот на англиското говорно подрачје патуваат низ една компанија - "Google". Огромен процент од нашите политички расправи се одвиваат на "Facebook" и "Twitter". Ако користите технологија за цензурирање на идеи кои луѓето можат да ги изразат на мрежите, на крајот, вие контролирате како гласа населението. И токму тоа се случи. Тие ги наместија изборите пред сите нас, а никој не направи ништо по тоа прашање", рекол Карлсон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега