Изборено момче од Турција пронајдено на патот Гостивар – Тетово, уапсена 24-годишна девојка

 

23-годишниот О.А.Х. од Турција бил пронајден со повреда од остар предмет на магистралниот пат кон Тетово.

Вчера околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет на патот бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција, со регулиран престој во Гостивар. Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Подоцна, во 22:00 часот поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ од слобода била лишена К.Д. (24) од Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега