12-годишник со остар предмет нападнат во скопски Центар, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (11.11.2025) во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријавил дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот

Малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Exit mobile version