Избегнувајте го овој дел на Скопје- изменет е сообраќајниот режим

Поради снимање филм, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска од 16:00 до 20:00 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата „Козара“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи и нагласува дека сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

09.07.2021 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега