Избегнете ја гужвата - Посебен сообраќаен режим за Задушница

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот на сообраќајниците околу гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница.

Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно возилата ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова” и ќе се излегува повторно на улицата „Александар Урдаревски”.

По потреба, пренасочување на сообраќајот ќе има и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега