Избегнете ги овие улици: Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

 

Во недела во период од 7 до 10 часот поради одржување улична трка на 10 километри насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К 2021“ во Скопје ќе има изменет сообраќај.

Трасата на движење на учесниците на трката почнува од бул.„Илинден“ (во двете насоки) од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ (Фонтана Градски парк) до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево по ул.„Никола Парапунов“ десно по бул.„Партизански oдреди“ до крстосница со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко) полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“ (во насока кон Сити мол) до крстосница со ул.„Љубљанска“, полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Илинден“ до целта (Фонтана Градски парк) во Скопје.

-Од тие причини Одделението за безбедност  на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од МВР.

Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

10.06.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега