Ивент индустријата на протест: Тоа што Владата го претставува како помош - не е помош

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска во 12 часот ќе протестираат пред Владата. Истакнуваат дека уште еднаш ќе ги образложат барањата.

Според организаторите на протестот, тоа што Владата го претставува како помош, не е помош, ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании.

– Ќе елаборираме зошто тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, велат од оваа индустрија.

Најавуваат дека протестот ќе се случува во континуитет, секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение со Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега