Ивановски: Намалувањето на рамниот данок што го ветува ВМРО-ДПМНЕ е гол популизам

Гол популизам е најавата на опозицијата дека ако дојде на власт дополнително ќе го намали рамниот данок вели професорот Игор Ивановски од Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје
„Оваа мерка освен што е по мене гол популизам нема никако фундаментално да помогне во растот и развојот на македонската економија. Дефинитивно нема да донесе повисок животен стандард. Ќе помогне на одредени големи фирми, точно, веројатно тоа е мотивот на предлагачот.
Фискалниот систем не смее да биде пластелин кој што секоја политичка гарнитура ќе го обликува како што сака. Јас одамна ја застапувам тезата дека фундаментите на една економија треба да бидат со највисок степен на консензус. И кога се говори за фискална политика или за фискални системи, мислам дека тие треба да бидат предмет на меѓусебно усогласување и на политичките  но пред се на бизнис факторите. И воопшто не е опортуно да се разговара за ваков тип на предлози дадени во предизобрие кои што пак ќе речам апропо новите модерни текови и нашите потреби како економија нема да резултираат само по себе со многу повисоки стапки на раст или со развој на македонската економија“ – вели Ивановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега