Иванов: Нема да потпишам ваков штетен договор со никакви закани и притисоци

 

Иванов имаше прес-конференција откако го доби Договорот за новото име.

- Ова е нивен личен договор и одлука, а штетниот договор е напуштање на суштинските позиции договорени на лидерските средби. не менување на Уставот и неприфаќање на Ерга омнес, вели Иванов.

Според него се кршат уставот и законоте и договорот е неприфатлив.

- Нема да легализирам политички дивоградби. Процесот се одвиваше неодговорно и нетранспарентно, а за тоа сведочи крајниот резултат, додава тој.

- Текстот е поразителен и се предвидува промена на името и преамбулата и термините прозилезени од името Македонија. Дали е тоа патриотизам, праша Иванов.

Иванов праша дали е лидерство да се прифати текст во кој нема гаранции за македонија.

- ЕУ и НАТО не смеат да се алиби за лош договор со штетни последици за нас. Како претседател ќе се залагам за решение кое нема да го наруши достоинството, па го повикувам Македонскиот народ да не се плаши, вели Иванов.

Вели нема да поддржи и потпише ваков Договор со никакви притисоци и закани.

 

 

 

13.06.2018 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа