Иванов: Не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена состојба

 Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување вонредна или воена состојба, рече претседателот  Ѓорге Иванов обраќајки се на граѓаните, со цел, како што рече, да ги разобличи сите лаги, конструкции и црни сценарија со кои бевме бомбардирани во изминатиот период.

– Од почетокот на мојата функција, одговорно ја претставувам државата и убеден сум дека само со чесен и транспарентен пристап ќе можеме да се спротивставиме на лагите за наводна вмешаност на мојот Кабинет, на АРМ и Агенцијата за разузнавање околу настаните на 27 април. Во Кабинетот на Претседателот на РМ никогаш не се разговарало ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба. Со тоа ги отфрлам и сите шпекулации дека меѓународната заедница вршела каков било притисок врз мене да отстапам од некаков наводен план за прогласување воена или вонредна состојба, рече Иванов.

Ги повика странските претставници да излезат и да ги посочат тие кои му вршеле притисок.

– Сценариото за воена и вонредна состојба немало, освен ако во РМ не функционирал паралелен врховен командант на вооружените сили и паралален Генерал штаб на АРМ, истакна Иванов.

Вистинското прашање, според него, е кому во тие моменти му одело во прилог да го злоупотреби Кабинетот на претседателот на РМ и да креира лажна перцепција за прогласување воена или вонредна состојба.

Тој уште еднаш потсети дека Кабинетот е на мета на лажни искази и небулозни шпкелуации.

-Од 27. април без никакви индиции и докази се обвинува Кабинетот на претседателот, се вршат притисоци со дел да потклекнам и да иотстапам претседателот со цел да остапат од моите ставови и политиките кои ги спроведува актуелната влада. По којзнае кој пат повторувам дека нема да остапам од моите ставови.

 

За давање лажен исказ пред суд кривично се одговара кажа Иванов. 

-Рускоска јавно посочи дека нема вмеѓшаност на кабинетот на претседателот во настаните на 27 април.  Би сакал јавно да прашам дали исказите на обвинетите се порелевантни од исказите на јавните институтции. Кому му одговара да ја деградира армијата која го ужива најголемиот углед меѓу граѓаните - кажа Иванов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега