Ивана од Нови Сад крвнички претепана од момчето - завршила со скршени ребра, изгореници, исечено лице и хематоми

Дваесет и четиригодишниот Ѓорѓе Лацковиќ е уапсен затоа што крвнички ја претепал својата 22-годишна девојка Ивана Филиповиќ и се изживувал над неа во нивниот изнајмен стан во Нови Сад.

Вчера во 12 часот ја нападнал Ивана, а таа со стравични повреди била сместена во болница. Иван Филиповиќ, братот на претепаната девојка,. за Курир.рс рекол дека неговата сестра доживеала невидено насилство и дека му прераскажала само дел од голготата низ која минала.

pretukao devojku

-Таа изгледа катастрофално. Фала му на Бога што уште е жива. Ја удирал со дрвена мотика и шипка, ја фрлил на радијатор. Ја сечел со нож и ја горел со пегла. Ѝ скршил 4 ребра, прст на раката. На нозете има убоди од нож, а по вратот и рацете изгореници од пегла. Ја греел пеглата за да ја гори, ужас! На главата има хематом, а на лицето црвенило. Страшно изгледа - рекол Иван.

-Во еден момент го видела на врата. Ѝ рекол „одам да го вратам комбето во фирма, чекај ме да продолжам таму каде што запрев“. Како што ни кажа Ивана, тогаш едвај собрала сила на телефон да ја повика другарката, која брзо дошла до неа. Ја извадила од станот и заминале кај друга другарка, каде со нивна помош Ивана се пресоблекла бидејќи цела била крвава. Другарка ѝ повикала такси и ја однела во болница, па ни јкави што се случило - раскажал вознемирениот брат.

povređena devojka sa bratom

Девојката е надвор од животна опасност.

На Ѓорѓе Лацковиќ после сослушување кај обвинител му биле одредени 30 дена притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега