Ивана му зарила нож на своето момче директно во срце - детали за убиството во Хрватска

25-годишната Ивана Г. го убила своето момче 33-годишниот Емил Ж. со еден убод во сре. Сѐ се одиграло во Хрватска во куќата во која наводно живееле момчто и девојката. Девојката била уапсена веднаш после убиството и  ѝ бил одреден привор.

Иако нема директни сведоци за слосторството, за време на истрагата полицијата ќе ги испитува и соседите и роднините кои први пристигнале да му помогнат на Емил. Клучен сведок е жената која прва стигнала до рантото момче на која Емил  рекол „Ме прободе“.

Се се одиграло во 20:40 часот во семејната куќа. Во приземјето живееле Емил и Ивана, а на останатите два спрата живееле таткото на Емил и роднините. Според изјавите на соседите, од станот се слушнале пцовки, некој викнал „помош“, а потоа Емил истрчал во дворот крварејќи.

„Повикајте Брза помош, повикајте помош“, викнал тој смртно ранет, па тргнал кон возилото паркирано десетина метри од него.

До доаѓањето на лекарот се обиделе соседите да му помогнат, но набрзо починал во сплитската болница. Нож со должина од 17 сантиметри му бил зариен во левиот дел од градите, му ја оштетил потклучната артерија и другите жили, па настапила смрт поради крварење

Полицијата набрзо стигнала на местото на злосторствоо, во станот ја уапсиле Ивана Г, која не пружала отпор. Имала исекотина на десната рака од која крварела, па била однесена во слитската болница.

Таа во полиија не ја изнела својата одбрана. Само спомнала дека ја „прогонувале демони“. Живееле во станот на Емил вече 6-7години. Никогаш досега немале никакви конфликти ниту инциденти, а немало ни пријава за насилство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега