Итен колегиум во Апелација по најавената финансиска истрага од Русковска

Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“.

Информацијата ја потврдија судии од Апелација за дел од медиумите. Од Апелација најавуваат соопштение во текот на денот.

Апелацискиот суд вчера ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор по што таа ја напушти „Шутка“ и замина во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници. Оттаму ќе го чека првото судско рочиште закажано за 3 декември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа