Италијанскиот регион Лацио ги „суспендира“ кинеските респиратори

Респиратори за интензивна нега, кои италијанскиот регион Лацио ги купи од кинески производител среде пандемијата од Ковид-19 во март минатата година, ќе бидат „суспендирани“, бидејќи не се во согласност со безбедносните стандарди утврдени со сегашното законодавство, пишува весникот „Ла Верита“.

Одлуката ја донела Дирекцијата за социјални и здравствени работи од регионот Лацио, каде се наоѓа и главниот град Рим.

Станува збор за 140 респиратори марка „Аеонмед ВГ70“, кои се увезени пред една година со одобрение на тогашниот шеф на цивилната заштита, Анхел Борели.

Весникот, кој дошол до преписката меѓу кинескиот производител и купувачот во Италија, тврди дека во преговорите за купување, кинескиот производител се повикува на Масимо Д’Алем како личност која ја потврдила подготвеноста на владата да одобри увоз на респиратори.

Весникот потсетува дека паралелно со истрагата за увоз на кинеските респиратори, полицијата го истражува и случајот со увоз на 800 милиони заштитни маски, кои се платени со милијарда и 250 милиони евра.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега