Италијански министер за „Спутник“: Ако е вакцината ефикасна, не ме интересира националноста на научниците

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, изјави дека е отворен за руската вакцина против коронавирус „Спутник В“, и е подготвен да разговара со руските власти за нејзина употреба, а можеби дури и за производството, доколку е одобрено од европските и италијанските регулатори.

„Ако вакцината делува, ако Европската агенција за лекови (ЕМА) и Италијанската агенција за лекови (АИФА) ни кажат дека е ефикасна и сигурна, не ме интересира националноста на научниците кои работеле на тоа и од која земја потекнува идејата. Затоа, јас сум апсолутно отворен кон руската вакцина, како и кон другите вакцини што може да се појават во светот“, објасни тој за телевизијата „Раи 3“.

Министерот потсети дека Италија започна да ги користи вакцините „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Модерна“ штом ЕМА и АИФА ги прогласија за сигурни и ефикасни.

„Кога тоа ќе се случи со руската вакцина, и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро, ние ќе бидеме подготвени да соработуваме со руските власти со цел да го зголемиме и производството“, рече министерот.

Сперанца истакна дека во моментов главната задача на глобално ниво е што е можно повеќе вакцинирање на населението.

„Значи, нема смисла да се подигнуваат некои националистички бариери“, заклучи тој.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа