Италијански медиуми: Уапсен Албанец кој внел 1,2 тони кокаин во Европа

Италијанските медиуми пишуваат дека е уапсен државјанин на Албанија кој во Европа внел 1,2 тони кокаин. Засега не е познато дали ова апсење е поврзано со акцијата на МВР во скопско Крушопек во која запленет е еден килограм кокаин.

Албанецот е уапсен при рутинска контрола во градот Порденоне по налог кој го испратиле грчките власти, а e дел од голема операција против интернационална трговија на дрога.

-Албанецот е обвинет за илегален внес на 1 тон и 200 килограми кокаин во Европа од Јужна и Централна Америка со брод во периодот од септември 2018 до јануари 2020 година, пишуваат италијанските медиуми.

Инаку, акцијата на МВР е во соработка со колегите од Италија и Црна Гора. Од македонското МВР повеќе детали најавија за утре.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега