Италијанците на протести против новите корона-мерки: Летале петарди и шишиња - фрлен и молотов коктел на полициско возило (ВИДЕО)

Протести се одржаа во повеќе италијански градови поради новите владини мерки против коронавирусот и полицискиот час воведени поради влошување на епидемиолошката состојба. Во Милано и Торино избувнале судири меѓу демонстрантите и полицијата, а мета била и продавницата „Гучи“.

„Слобода“, извикувале демонстрантите на протестите што се одржаа синоќа во најмалку пет градови.

На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како демонстрантите во Милано фрлаат „молотов коктел“ кон полициско возило.

Римскиот дневен весник „Република“ пишува дека ситуацијата во некои градови ескалирала и дека екстремистичките групи значително влијаеле на напнатоста за време на протестите.

Некои демонстранти фрлале и со петарди и шишиња кон полицијата.

Ситуацијата билатензична и во Торино, каде демонстрантите фрлале со димни бомби, а еден фотограф билповреден. Полицијата во градот употребил солзавец за да растера група демонстранти кои упаднале во излозите на продавниците.

На мета на демонстрантите била и продавницата „Гучи“, која, како што наведува РТ, била ограбена.

Протестите во Италија избувнале откако биле воведени нови ограничувачки мерки поради повторно засилување на бројот на лица заразени со вирусот корона.

Некои од мерките вклучуваат ограничување на работата на баровите и рестораните до 18 часот и целосно затворање на спортските сали, базените, кината и театрите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа