Италија: Запленети 730 килограми албанска марихуана

Италијанската полиција во пристанишниот град Месино заплени 730 килограми марихуана прошверцувана од Албанија која била транспортирана со брод.

Марихуаната, за која постои основано сомневање дека е произведена во албанското село Лазарат, познато по големото производство на разни сорти марихуана, била спакувана во 43 пакети. Нејзина крајната дестинација бил италијанскиот нарко пазар.

Вредноста на запленетата дрога на нарко пазарот достигнува 10 милиони евра.

 

најчитано сега