Италија во шок: 10-годишно девојче жртва на предизвик на ТикТок

Државното тело за гаранција на лични податоци побарало оод социјалната мрежа ТикТок веднаш да ги блокира сите корисници чија возраст не е со сигурност потврдена, пишуваат италијанските медиуми.

Барањето уследило откако 10-годишно девојче од Палермо починало учествувајќи во апсурдна игра со предизвик, една од многуте кои распространети на платформата и многу популарни меѓу младите.

Девојчето било пронајдено во бања со појас околи вратот врзано за радијатор. Итно било пренесено во болница, меѓутоа немало спас.

Полицијата го испитува мобилниот телефон на девојчето, кое имало неколку профили на Фејсбук и Тик-Ток. Се верува дека во мобилниот телефон ќе се најде и последната снимка од девојчето додека учествувало во предизвикоt, но евентуано и траг до оној кој ја поттикнал.

Родителите на девојчето дале согласност нејзините органи да се трансплантираат за да се спасат животите на четири болни деца.

По повод трагичниот настан психологот Колоџеро Ло Пиколо изјавил дека "сите сме учесници во реално шоу во кое се бараат нови предизвици за да се освојат бодови".

"Сите истовремено учествуваме и сите сме губитници", тврди психологот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега