Италија го укина карантинот за патници од ЕУ

Во Италија од денеска е укинат карантинот за патниците од земјите-членки на Европска Унија, од Велика Британија и од Израел. Но, за влез во земјтата и понатаму е потребен негативен тест на ковид-19.

Минатата недела беше најавено укинување на карантинот за посетителите од ЕУ, од Израел и од Велика Британија со цел да се помогне на туризмот.

Италија, првата европска земја каде се појави ковид-19, по строгите рестриктивни мерки воведени во текот на зимата и забрзаната вакцинација, бројот на новозаболени лица на дневно ниво се намали под 10.000. но, сè уште е голема бројката на смртни случаи односно околу 200 починати од последици од коронавирусот на дневно ниво. Италија по смртноста е на второ место во Европа, по Велика Британија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега