Италија даде препорака дека бремените жени можат да се вакцинираат

Италијанскиот Национален институт за здравство препорачува бремените жени да се вакцинираат против Ковид-19 по првите три месеци од бременоста.

Во соопштението се наведува дека на жените им се препорачува да примаат две вакцини во вториот и третиот триместар од бременоста.

Според соопштението, одлуката е донесена бидејќи има сè повеќе докази за безбедноста на вакцините за време на бременоста, и за фетусот и за мајката.

„Жените кои сакаат да се вакцинираат во првиот триместар треба да направат проценка на ризик и придобивки кај лекар“ – се посочува во соопштението, при што се укажува на повишена температура, што е една од можните реакции на вакцината и може да предизвика ризик од деформитат кај плодот.

Жените кои дојат можат да се вакцинираат, а новороденчињата можат безбедно да апсорбираат антитела преку млекото.

Голем број држави издадоа препорака оваа година дека бремените жени можат да се вакцинираат против Ковид-19, откако се утврди дека вакцините се безбедни.

Макфакс

24.09.2021 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа