Италија бара храбри туристи: Бесплатно ноќевање во 53 хотели во Палермо

Италијанците бараат храбри туристи, па 53 хотели нудат бесплатно ноќевање.

Туристите кои ќе резервираат четири ноќи во еден од овие хотели во Палермо, а до таму пристигнат со авион ќе платат само три, а едното ноќевање ќе биде бесплатно. Оваа антикризна мерка има за цел промоција на туризмот по излегување на Италија од блокадата поради пандемијата од коронавирусот.

Сѐ повеќе хотели се заинтересирани за иницијативата на локалното Здружение на хотелиери. На оваа иницијатива се приклучи и аеродромот во Плаермо и ќе трае во текот на целата 2020 година.

Италија од 3 јуни, по речиси три месеци блокада ги отвори границите за доаѓање на туристи од земјите на ЕУ и Шенген, а Европската унија ќе може да ги отвори надворешните граници за државите од Западен Балкан на почетокот на јули, препорача Европската комисија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа