Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија – 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според податоците, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево. Два литра се измерени во Тополчани, а по еден литар во Радовиш Пожар, Прилеп, Претор и Виница.

Од УХМР појаснуваат дека станува збор за локални мерења, при што поради карактерот на врнежите количината на воден талог може значително да варира од место до место.

За денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, со брзина до 40 километри на час, особено во источните делови од земјата, а максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе достигне до 31 степен.

Exit mobile version