Истражувањата докажале дека таа го има најубавото тело на светот: Денес кога објавува фотографии ѝ коментираат дека е „дебела“

Истражувањето за пропорциите и телата од 2017 година потврдило дека телото на актерката и модел Кели Брук е совршено.

Поради постојаниот притисок на неа дека изгледа совршено, таа одлучила дека повеќе не сака да има тело кое научно е докажано дека е совршено.

Истражување на Универзитетот во Тексас навело дека Кели Брук (40) го има тоа што научно се смета за најсовршено тело на светот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

Научниците открилe дека идеално женско тело е со висина од 1 метар и 68 сантиметри, обем на струкот и колкови 99x63x91 сантиметри, што речиси совршено се поклопува со пропорциите на актерката.

Без оглед на тоа што таа го има најубавото тело на светот, Брук вели дека многупати била жртва на потсмев во животот.

Кога Брук во 2017 година на Инстаграм објавила фотографија во бикини, луѓето ѝ оставале злобни коментари, нарекувајќи ја „кит“ и „дебела“.

Кели тогаш на хејтерите им одговорила на социјалната мрежa Твитер:

„Имам убави и паметни луѓе кои ме следат на социјалните мрежи и со кои сакам да разговарам. Нема да дозволам негативните коментари да ме запрат во објавувањата“.

Оваа актерка е доказ дека 46 килограми и 1 метар и 82 сантиметри висина не се нужни за убавина.

Истражувањата кои го дефинирале „совршеното тело или изглед“ главно се причината за разните токсични коментари и негативни реакции кои предизвикуваат говор на омраза. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

28.10.2021 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега