Истрага за обид за убиство во општина Сарај: Маж застрелан со пиштол

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за едно лице осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 30 август 2019 година, осомничениот пред кафе бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, осомничениот заедно со уште едно лице застанале со автомобил Фолксваген голф на автобуската станица во селото и започнале вербална расправија со трето лице – сведок. Двајцата излегле од возилото држејќи огнено оружје – пиштоли во рацете, по што сведокот започнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата, повикувајќи ги да застанат. На ова, осомничениот испукал кон оштетениот 3-4 проектили од пиштолот со калибар 6,35мм и му нанел три огнострелни повреди. Оштетениот започнал да бега, а осомничениот се впуштил кон  него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди. Откако на местото веднаш се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, сега осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега