Историски успех за Академија Пандев - Го освоија трофејот од купот

 

Академија Пандев ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров и го направи својот најголем клупски успех, го освои Купот на Македонија.

Академија Пандев поведе уште во 10. минута од мечот преку Сашко Пандев кој даде извонреден гол од далечина, но предноста не траеше долго, во 21. минута Робсон Да Силва даде мајсторски погодок од слободен удар и го изедначи резултатот на 1-1.

Ѓорчепетровци беа многу блиску до победа, но во 86. минута беше досуден пенал за Академија Пандев кој успешно го реализираше Љупчо Дориев за ново изедначување на мечот, 2-2.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега