Чилеанските безбедносни служби изведоа една од најголемите антидрога операции во својата историја, запленувајќи рекордно количество кокаин вредно милијарди долари, соопштуваат тамошните власти.

Забранетите супстанци биле вешто сокриени во пратки со градежен материјал кои требало преку поморските патишта да стигнат до европскиот континент.

„Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царинската служба, запленети се 1.080 тони дрво контаминирано со различни видови дрога, што претставува историски удар врз организираниот криминал во нашата земја“, се вели во соопштението на чилеанската царинска управа.

Полициските аналитичари пресметале дека вредноста на наркотиците на црниот пазар во Европа би достигнала астрономски суми.

„Дрогата пронајдена во дрвата главно се состоела од кокаин и кетамин, а проценетата малопродажна вредност на европскиот пазар е околу 8,3 милијарди долари, се додава во соопштението.“

Криминалистичката операција траела со месеци и вклучувала следење на товарни контејнери од соседните земји во регионот.

„По шестмесечна истрага, властите идентификуваа 45 контејнери што пристигнале од Боливија со контаминирана дрва, објави Ал Арабија.“

Шверцерите користеле софистицирани методи, па за извлекување на дрогата од дрвената маса биле потребни дополнителни третмани.

„Доколку пратката стигнела до крајната дестинација, дрогата ќе морала да се одвои од дрвото со помош на „напредни хемиски процеси“ во специјализирани лаборатории, изјавија царинските службеници.“

Чилеанската полиција не ја исклучува можноста крајниот биланс на запленета дрога да биде уште поголем во наредните денови.

„Вкупната количина на запленета дрога во Чиле би можела дополнително да се зголеми бидејќи властите продолжуваат да испитуваат дополнителни контејнери кои биле оценети како сомнителни.“

Exit mobile version