На последниот ден од 2025 година, државата стави крај на еден долгогодишен правен апсурд. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 70-тите години на минатиот век, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист.

Оваа информација ја сподели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, оценувајќи го досегашниот статус на аеродромот како пример за негрижа кон државниот капитал.

„По повеќе од 60 години, конечно е завршен процесот на легализирање на аеродромот. Иако во нормални услови ваква постапка не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана“, истакна Николоски.

Во сложениот процес на легализација изминава година биле вклучени тимови од Министерството, АД „Аеродроми“, ТАВ, Катастарот и Правобранителството, кои интензивно работеле на решавање на имотно-правниот статус

Exit mobile version