Исповед на жената која ја видела несреќата во која загина Коби: „Никој не можеше да верува дека во вакви временски услови влегол во хеликоптер“

Маја Виличиќ од Сплит која веќе со децении живее и работи во Америка, синоќа била недалеку од местото каде што паднал хеликоптерот на Коби Брајант и вели дека од маглата не се гледал прст пред око.

Иако никој не може со сигурност да каже која е причината за падот на хеликоптерот во кој загинаа прославениот НБА кошаркар и неговата 13-годишна ќерка, постои голем сомнеж дека виновникот е токму маглата.

„Никој во Калифорнија не може да верува дека Коби во вакви временски услови влегол во хеликоптер. Веќе неколку денови на тоа подрачје на Калифорнија има густа магла, која е редовна сцена секое утро. Буквално, маглата може да се “сече“ со нож. Поради тоа, веќе два-три денови на LAX (главниот аеродром во Лос Анџелес) летовите редовно доцнат. Според она што засега може да се слушне, претпоставките се дека тие можеби удриле во некакво брдо“ - рекла Маја Виличиќ од Лос Анџелес.

Маја, живее многу блиску до местото на падот на хеликоптерот.

„Живеам на околу 20-на километри на местото на несреќата или на околу 20-на минути возење со автомобил. Еве, сега додека ние збоуваме (околу час и половина по несреќата), јас шетам и насекаде околу мене има магла. Воошто не се гледа котлината, таква е маглата“ - изјавила Маја.

Инаку, Калабасас, гратчето на чие подрачје се сруши хеликоптерот, е гратче од околу 25.000 жители и тоа особено богати.

„Таму живеат богатите Американци, а подрачјето на градот се наоѓа меѓу Малибу и Санта Моника. Подрачјето на Калабасас е многу стрмно и голема е веројатноста дека хеликоптерот удрил во некое од брдата кое што пилотот очигледно не го видел поради густата магла. Страшна трагедија. Коби беше една од најголемите легенди во Лос Анџелес и сигурно дека не заслужи вака да го заврши својот живот“ - изјавила Маја Виличиќ.

Полицијата моментално ги истражува сите детали на несреќата, а целиот свет се простува од легендарниот кошаркар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега