Исповед на жена во Вирџинија: Видов како напаѓачот застрела девојче во глава

 

Еден од вработените кој го преживеал нападот што се случи синоќа во Волмарт во Вирџинија, вели дека напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука. Тој исто така тврди дека меѓу загинатите има и девојка и чистачка, но полицијата се уште не го соопштува идентитетот на загинатите.

„ Едно лице го молеше напаѓачот да застане, а тој ѝ рече грубо да се тргне од патот. Напаѓачот е еден од нашите менаџери. Бев во просторијата за одмор кога ги слушнав истрелите“, раскажува очевидецот.

Потоа рече дека легнал на подот и се преправал дека е мртов за да го преживее нападот.

Друга жена која била во продавницата за време на нападот вели дека овој инцидент ќе остане траума до крајот на животот.

„ Видов како на девојка ѝ пука во главата“, им рече таа на насобраните новинари.

Инспекторите сметаат дека пукањето престанало во моментот кога полицијата пристигнала пред маркетот. Додаваат и дека полицијата не пукала во напаѓачот, но се уште не е сигурно дали тој се самоубил или бил застрелан од некој друг.

Во масовното пукање загинаа најмалку десет луѓе, а неколкумина се ранети. Во нападот загинал и осомничениот напаѓач, кој бил на позицијата менаџер во маркетот.

23.11.2022 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега