Исповед на таткото чија ќерка вчера се удави во септичка јама во Србија: „Бабата се обидувала да ја загрее“

Девојчето Леа Фикер се удави вчера околу 14 часот во септичка јама во семејната куќа во Велика Греда во Србија.  Нивната баба ги чувала во домот нејзе и нејзиниот брат близнак, додека родителите биле на лекар со помладите близнаци.

-Со нив беше бабата која е едвај подвижна. Сопругата и јас отидовме со другите деца дна лекар. Не можам да ви опишам како се чувствував кога ми се јави бабата и ми рече дека ќерка ми се удавила во септичка јама. Не стигнав да ја затворам, бидејќи пред неколку месеци се доселивме во оваа куќа. Ова е голема трагедија - рекол Никола, таткото на девојчето.

Тој истакнал дека ова не е првпат мајката на неговата сопруга да ги чува децата.

Тој вели дека девојчето и нејзиното братче се на возраст од една година и девет месеци и дека досега не успевале да отворат врата и да излезат во двор. 

-Бабата ја извадила мојата ќерка од јамата и таа не давала знаци на живот. Ја земала во раце и се обидувала да ја загрее - додава Никола.

Инаку девојчето било примено во болница, но лекарите не успеале да го спасат. Како што вели нејзиниот татко, Леа во мај требала да наполни 2 години. Големата трагедија ги потрее сите нивни соседи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега