Исповед на преживеан во несреќата во Србија: Секаде имаше делови и тела, маж беше жив под смачканото возило

 

Влетавме во магла, но за среќа успеавме да застанеме на страна. Позади нас се случи пекол. НИшто не видовме во моментот на несреќата, но се слушна морбиден звук, како да се одделува воз.

Ова е сведоштвото на преживеани во несреќата која вчера се случи на патот Белград-Ниш во Србија, во која загинаа 7 лица, меѓу кои и двајца македонски државјани.

- На исто време на исто место се случија два верижни судири во маглата. Во 7 часот и 20 минути. Се слушна страшен звук, а потоа видовме камион во пламен. Се најдовме среде кланица, вели сведокот за српскиот Блиц.

Еден од повредените бил под автомобил и бил жив кога почнале да го сечат возилото кое било смачкано, извадиле и мртва жена, а насекаде имало крв и делови.

- Жив е! викна некој, навистина беше језиво, 15 минути го сечеа возилото, вели сведокот.

 

 

 

10.10.2018 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега