Исповед на Емилија, стјуардеса на приватни летови: „Ми подаруваа скапи подароци и имаа бизарни барања“

Емилија Џорџ работела за бројни приватни летови како стјуардеса, а за британскиот „Телеграф“ се одлучи да открие се што се случува во приватните авиони на богаташите високо над земјата.

Често се сретнувала со невозможни барања, кои морала да ги исполни. И плаќале превоз со такси од 500 фунти само за да купи кавијар, а дури дошло и до принудно слетување поради силната желба за храната во Мекдоналдс.

-Еднаш послужував лосос на кој цел негов живот му пуштале класична музика, открива само еден од многуте бизарни барања на богатите патници.

Неморалните понуди се дел од работата, како што изјави Емилија. Најлошо и било со моќните бизнисмени кои ја пипкале или без срам и нуделе интимни дружења, а знаеле и ненајавено да упаднат во нејзината хотелска соба.

Сопственикот на еден приватен авион имал и перверзни униформи за стјуардесите кои морале да ги носат цело време, а тие кои ќе одбиеле не поминувале добро.

-Кога можете да си дозволите приватен лет, парите не ви се проблем. Било да станува збор за вечера од милион фунти, салата од 700 долари, па дури и вежбална во авиони или дискотека со шипки на кои девојките можат да играат…Видов дури и престол од злато, изјави Емилија.

Но, оваа работа има и позитивни страни, признава Емилија. Таа добивала огромни дневници и од неколку илјади долари, скапи подароци, шминка и облека, како и многу ВИП влезници. Отседнувала во најскапите хотели и јадела во најдобрите ресторани, а често добивала и свој приватен возач до следниот лет. Униформите претежно ги дизајнирале познати дизајнери, а можела да јаде се` што јадат и клиентите во авионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега