Исповед на доктор од Шпанија: „Морам да ги исклучам од апарати сите над 65 години“

Мадрид и Лондон се двата европски града кои ќе доживеат поцрно сценарио дури од Ломбардија. Во моментов тие се  соочуваат со најтешки размери на пандеијата на коронавирусот, бидејќи анализите покажуваат дека стапката на смртност и во Мадрид и во Лондон се удвојува на секои два дена, а здравствените анализи покажуваат дека на крајот, Њујорк би можел да ги надмине сите во црната статистика.

За сега, предвидувањата се дека новите жаришта на Ковид-19 ќе бидат Лондон и Мадрид. Според „Дејли мејл“, од час во час се зголемува бројот на починатите, а во Лондон е најкритично во споредба со останатите делови од Велика Британија. Во последното деноноќие починаа повеќе од стотина луѓе во британската престолнина. Бројот на смртни случаи за само една недела се зголеми дури за 6 пати.

Во Мадрид пак, лекарите се соочуваат со досега невидена состојба. Видео сподели еден од докторите во болницата во Мадрид во кое низ солзи кажува дека мора сите пациенти над 65 години да ги исклучи од респираторните апарати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега