Исповед на човекот кој упадна во Виндзор: Сакав да ја застрелам кралицата

 

Еден човек беше уапсен со самострел во домот на кралицата Елизабета, во замокот Виндзор на Божиќ минатата година. Тој рекол дека бил таму „за да ја убие кралицата“, беше презентирано на британскиот суд.

Џасвант Синг Чаил (20), кој е обвинет според Законот за предавство на Велика Британија, се појавил во просторот на замокот Виндзор со качулка и маска, беше кажано на судот.

Полицаецот рече дека изгледало како на филм.

Кралицата Елизабета била во замокот во моментот на инцидентот на 25 декември, заедно со принцот Чарлс, неговата сопруга Камила и други блиски членови на семејството.

По истрагата на полицијата за борба против тероризмот, Чаил беше обвинет за закани за убиство, поседување навредливо оружје и прекршок според член 2 од Законот за предавство од 1842 година.

Овој дел од законот ја детализира казната за „нишанење или пукање со огнено оружје, или фрлање или користење на навредливи материи или оружје, со намера да се повреди или алармира нејзиното височество“.

На сослушувањето во лондонскиот Вестминстерски суд, Чајл од Саутемптон во јужна Англија, рекол дека сака да се одмазди на естаблишментот, пренесува „Ројтерс“.

17.08.2022 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега