Исповед на близнаците заразени со коронавирусот во Хрватска: Немаме ТВ, но ќе издржиме 6 дена

Близнаците кои се први заболени со коронавирусот во Хрватска одлучија да ја споделат својата приказна за да ја смират јавноста.

Двајцата браќа се наоѓаат во карантин во боницата за инфективни болести, а на разговор се одлучиле само доколку не се открива нивниот идентитет.

До пред неколку часа секој од нив бил во посебна соба, но сега се заедно во иста просторија.

- Прво да ја разрешиме мистеријата. Во Милано бевме јас и мојата девојка, а не брат ми или било кој од моите пријатели- рекол еден од браќата кој прв беше заразен со вирус.

Кога тргнале на пат немало епидемија, ианку немало да одат, а во Милано бил на натпревар на Лига на шампиони фудбал, но бил сам без неговата девојка, а во Загреб се вратиле во петокот рано наутро и немал никакви симптоми.

Викендот бил вообичаен и немало никакви идикации дека ќе се зарази и во понеделникот со браттребало да одат на работа

- Отидов на работа како и секој ден. Во канцеларијата имаше околу 7 лица, а околу 12 часот ми прати порака брат ми дека има температура 37,2 па не дојде на работа, вели другиот брат.

- Првично не реагиравме, во прашање беше обична темпертура, но мајка ми се загрижи и одлучи да се јави на лекар.

- Кога завршив со работа, мајка ми ми јави дека по брат ми ќе дојдат со амбулантно возило, а јас пристигнав баш во тој момент“ раскажува братот на првозаразениот.

 Изгледало како во Чернобил вели тој.

„Амбулантно возило, луѓе облечени во бли костими и маски. Тогаш започна целата процедура. Мерење температура, земање на брисеви, ЕКГ, ренген на бели дробови и срце и за крај изолација додека не стигнат резулатати“ вели  тој и додава дека не му било сеедно.

Тие резултатите ги чекале до вторникот наутро, а им биле соопштени преку телефон.

Карантинот е сериозен. Просторијата во која се престојува е заклучена и скоро никој не влегува. Сам ја мерев температурата, нивото на кислород и отчувувања на срцето, а освен тоа,сте под виео надзор 24 часа. ТСо лекарите се разговара преку домофон или преку телефон. Што се однесува до самата состојба, освен температура која не надминува 38 Целзиусови степени, нема други симптоми и се чувствував добро. Па, тогаш дојде пладне. И брат во болницата и јас почнувам да се чувствувам чудно. Температура 37.4 И Постапката повторно е иста. Амбуланта, само овој пат друг близнак на патот кон Инфективна, вели тој, додавајќи дека му било што се случува со неговиот брат.

Процедурата била иста и морало да се знаат точно рутите по кои се движеле, а дадени се и сите имиња со кои се сретнале.

„ Јас за разлика од мојот брат чувствувам болка во зглобовите и мускулите, но ништо страшно. Темперстурата ми е максимум до 38, но почесто е 37, па откако се дозна дека и неговите резултати се позитивни на корона вирусот, одлучија двајцата брача да ги стават во иста соба. Немаме ТВ, но имаме телефон, така да ќе издржиме, сега не сме сами па полсено ни  е“ вели еден од близнаците.

Приборот со кој јадат вели тој дека е од пластика и веднаш се фрла во посебна канта за отпадоци.

„Иако е нов вирус, ако се биде како што треба, ќе бидеме пуштени од болница за пет или шест дена„ велат тиие.

„Единствено што сакам да кажам е дека се чувствувам непријатно бидејќи го вмесов коронавирусот во Хрватска. Верувајте ми, да знаев, не би одел на патување. Паниката се рашири од петокот вечерта, кога се вратив назад во Хрватска“, заклучи првиот пациент заболен од коронавирус во Хрватска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа