Испливаа нови детали за Турчинот кој ја предизвика кобната несреќа - пијаниот Алсин ја украл маздата и возел 180 km/h

Турчинот кој го лиши од живот Шабан Шаулиќ со своето „ненормално“ возење, бил лажно пријавен на една адреса во Билефилд

Алсин Левент, Турчинот кој го лиши од живот Шабан Шаулиќ со своето „ненормално“ возење, бил лажно пријавен на една адреса во Билефилд, а автомобилот со кој го удри пејачот можно е да е украден.

-Досегашниот тек на истрагата покажа дека Алсин Левент, 35- годишен државјанин на Турција нема адреса на живеење во Германија. Полицијата беше на адресата на која наводно е пријавен, но се воспостави дека е лажна. Тој таму воопшто нема живеено, па веднаш е почната истрага се со цел да се утврди каде воопшто живее, објаснила германска новинарка за српски „Курир“.

 

Полицијата веќе ја почнала и истрагата за возилото со кое е усмртен Шабан.

-Дефинитивно е јасно дека автомобилот не е негов. Полицијата веднаш почна со истрага за потеклото на автомобилот и како овој Турчин дошол до маздата. Постои можност возилото да е украдено, открила соговорничката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега